Проданоски во рамки на неговата посета на Париз, вчера оствари и уште една конструктивна средба, а овој пат тоа беше со амбасадорот на Република Македонија во Франција, Игор Николов
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски во рамки на неговата посета на Париз, оствари и уште една конструктивна средба, а овој пат тоа беше со амбасадорот на Република Македонија во Франција, Игор Николов
“На средбата разговаравме за можностите за унапредување на соработката, преку поддршка на локалните иницијативи и поврзувањето со релевантни институции и партнери во Франција. Разменивме мислења и за потенцијалите за развој на конкретни проекти во областа на инфраструктурата, одржливиот развој и економската соработка.
Амбасадата претставува значаен мост за отворање нови перспективи и градење цврсти партнерства, кои се од особено значење за локалниот развој и европската интеграција.
Изразувам благодарност за поддршката и отвореноста за соработка, со уверување дека ваквите средби ќе придонесат кон конкретни резултати и долгорочни партнерства.
Во таа насока, сакам да најавам дека утре (25.04.2026) во Прилеп ќе се одржи настанот „Франкофонијата ги обединува срцата-преку јазикот кон мир“, на кој свое присуство ќе има и амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, што претставува уште една потврда за значењето на меѓународната соработка и поврзувањето преку културата, образованието и заедничките вредности” – истакна Проданоски.


















