Прилепскиот црковен храм св. Петка ќе биде дополнително разубавен со десетина прекрасни сурфинии
Прилепскиот црковен храм св. Петка доби донација од десетина прекрасни сурфинии од благочестив донатор од Кавадарци.
“Оваа донација доаѓа во вистинско време, токму кога започнуваме со пролетното уредување и разубавување на храмовниот простор. Цветовите не се само украс, туку израз на љубов, грижа и посветеност кон домот Божји, кој сите заедно го градиме и негуваме.
Искрено му благодариме на дарителот за неговата добрина, внимание и придонес за убавината и достоинството на нашиот храм.
Да го украсуваме храмот, како што ги украсуваме и нашите души – со љубов, вера и добри дела.
Бог да го благослови дарителот и сите луѓе со отворено срце!” -информираат од прилепскиот црковен храм св. Петка.


















