КОЊАНОВСКИ И ГИНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА

Сподели го ова:





























Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на работниот состанок во ЈП „Водовод“ Битола, каде со директорот Андреј Гинов имаа средба со претставници од швајцарска амбасада за реализација на проектот за надминување на постојните предизвици.

Проектот кој е насочен кон модернизација на водоводниот систем, опфаќа прецизна евиденција и контрола на потрошувачката, воведување SCADA систем и современи водомери, подобрување на наплатата и намалување на загубите, со посебен акцент на руралните средини.

Оваа иницијатива произлегува од реалната потреба за технолошка модернизација и дигитализација на системот, со цел обезбедување поефикасно управување со водните ресурси.

На средбата беше истакната значајната соработката и со европските фондови, чија поддршка овозможува развој и имплементација на современи решенија. Нивното активно учество претставува клучен фактор за понатамошно унапредување на системот.

Овој проект претставува прва фаза од поширок процес, кој во иднина треба да прерасне во целосна дигитализација на водоводната мрежа, особено во делот на автоматизирано отчитување во руралните средини.

Со инвестиции во инфраструктурата и дигитализација, се очекува зголемена ефикасност на системот, подобрување на услугите кон корисниците и одржливо и одговорно управување со водните ресурси.




Сподели го ова:

Слични објави