Нова инвестиција и нови работни места во Новаци! Ќе се отвори нова фабрика за производство и преработка на здрава храна
Денеска во Општина Новаци се постави камен-темелник на новата фабрика за производство и преработка на здрава храна на фирмата „Кечеги“, во новата Индустриска зона во Новаци , инвестиција на Александар Талевски.
Овој значаен проект се реализира по повод 30-годишниот јубилеј на Општина Новаци и претставува уште еден чекор напред кон економски развој, нови работни места и поддршка на домашното производство.
Со вакви инвестиции, Новаци продолжува да се развива и да гради подобра иднина за сите граѓани.


















