Вечерва во центарот на Прилеп, прилепчани му дадоа огромна поддршка на Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, вечерва во Прилеп со гордост го промовираа кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски и советничката листа – тим што носи свежа енергија, нова визија и силна одговорност кон граѓаните.

“Денес во Прилеп ја зацврстуваме нашата заедничка патека напред! Продолжуваме да градиме транспарентна и отчетна локална власт, која секогаш е со народот и за народот. Она што е започнато ќе го завршиме уште посилно, а она што претстои – ќе го градиме заедно со сите прилепчани. Прилеп заслужува стабилност, развој и иднина на која сите ќе бидеме горди. Заедно можеме уште повеќе!” – се вели во објавата на ОК при ВМРО ДПМНЕ – Прилеп.


















