Во затворот во Битола го снабдувал својот близок со дрога, фрлаќи ја дрогата преку затворскиот ѕид
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ч.(37) и З.М.(41), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во соба во Казнено – поправна установа Затвор Битола, затворските службеници изршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и марихуана, која претходно второпријавениот му ја фрлил преку оградата во отвореното одделение на установата.

















