ВО ПРИЛЕП, НОЌНА ТРКА НА 5 км – во петок на 19 септември
Ориентационен Клуб ЗЛАТОВРВ, Општина Прилеп и СУС на град Прилеп Ве покануваат да земете учество на рекреативен настан:
“НОЌНА ТРКА НА 5 км. “
– Оваа трка има рекреативна природа (нема натпреварувачки карактер) и ќе биди дел од “Европската недела на мобилност” која ќе се одржува од 16-22 септември со која град Прилеп по примерот на современите Европски градови ќе го промовира алтернативниот начин на превоз како дел од секојдневниот живот.
Патека: Кружна низ прилепските улици (мапа со патеката ќе биде објавена дополнително);
Старт: Петок 19 септември во 19:30ч. од Центарот на Прилеп (пред Реклами);
Временски лимит: 90 минути.
Програма:
18:00ч. – пријавување на учесниците;
19:30ч. – старт на трката;
21:00ч. – затварање на настанот.
Добредојдени се СИТЕ !!!


















