Битолскиот градоначалник на средби со граѓаните од централното градско подрачје во Битола
Вчера, битолскиот градоначалник Тони Коњановски оствари средби со граѓаните од урбаните заедници од централното градско подрачје во Битола.
Преку кампањата „Предложи идеја“, секој граѓанин имаше можност директно да ги изнесе своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општина Битола.


















