Овој викенд, убавото Кавадарци ќе биде центарот на цела Македонија! Се очекуваат “реки од народ” да уживаат на годинешниот ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР
И оваа година Општина Кавадарци ќе се покаже како одличен домаќин на годинешниот “Тиквешки гроздобер”. Имено, одличната музичка програма на Тиквешки Гроздобер 2025 ќе привлече гости од цела Македонија, а оваа година музичката програма се состои од македонски пејачи, како и музички ѕвезди од регионот. Впрочем ќе има забава за сите генерации, а воедно ќе бидат задоволени сите музички вкусoви.

Овoј викенд цела Македонија ќе ужива во одличната музичка програма во убавото Кавадарци. На годинешниот Тиквешки гроздобер, во трите фестивалски денови ќе настапат голем број на докажани музички имиња како што се Тајзи, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Куку Леле, а годинешната манифестација ќе биде завршена со спектакуларен концерт на Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, која во недела пристигнува во Кавадарци, а воедно за сите нејзини фанови ќе направи забава која ќе се памети уште долго! Во прилог, погледнете ја целосната програма на годинешниот Тиквешки гроздобер:

Се гледаме во Кавадарци!


















