Во Македонија се забранија 250 онлајн коцкарници без лиценци
Како што информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа кои немаат извадено лиценца во Македонија.
–Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат документите на своите родители и нелегално се приредуваат игри на среќа. Потоа имаме украдени пари, банкарски податоци, украдени банкарски картички итн – истакна Андоновски.


















