Денес Општина Прилеп им оддаде признание на најдобрите наставнички, воспитувачки и негователки

Сподели го ова:





























Нашите вистински херои не носат наметки – тие се наставници, воспитувачи и негователи! Денес Општина Прилеп им оддаде признание на луѓето кои секојдневно го менуваат светот, чекор по чекор, дете по дете. Тие се оние кои ја градат иднината на Прилеп преку знаење, љубов и трпение.

“Со особена чест ги претставуваме овогодинешните добитници:

🏆 Даниела Наумоска – најдобар наставник од основно образование (одделенска настава)

🏆 Билјана Андрееска Георгиеска – најдобар наставник од основно образование (предметна настава)

🏆 Емилија Хаџи Ристеска – најдобар воспитувач

🏆 Анета Мерипушкоска – најдобар неговател

Овие признанија, доделени преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, се симболична награда за нивниот труд, но вистинската награда е љубовта и благодарноста на децата и родителите.

Тие ни покажуваат дека секое дете заслужува внимание, секоја генерација заслужува образование, а секое општество мора да вложува во своите учители и воспитувачи.

🙏 Ви благодариме за посветеноста и љубовта со која го обликувате нашето утре. Општина Прилеп секогаш ќе биде ваш сојузник и поддршка” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави