Синоќа во Прилеп, РК “Еурофарм Пелистер 2″ го освои првото место на турнирот ,,Миле Нешкоски”
Вчера вечерта заврши 10-тиот меморијален турнир во ракомет „Миле Нешкоски“ во спортската сала во Прилеп. Овој турнир не е само спортско доживување, тоа е спомен, почит и љубов кон Миле, чиј дух и денес живее во секој напад, секоја одбрана и секоја ракометна топка во градот под Марковите Кули.
Во финалето меѓу РК Прилеп и РК Еурофарм Пелистер 2, победата им припадна на гостите од Битола, кои ја совладаат ракометната екипа од Прилеп која до последната секунда спортски и лавовски се бореше на спортскиот терен.


















