Убавина! Центар за култура – Битола со нови навлаки за седиштата во големата сала

Сподели го ова:





























Во време кога културните институции сè повеќе се потпираат на заедничка грижа и поддршка, гестот на Cosmic Development, кои донираа нови навлаки за седиштата во нашата сала, претставува светол пример за општествена одговорност и вистинска солидарност.

Оваа донација не е само материјална – таа е симбол на грижа за заедничкиот простор, за културата, за публиката, и за сите оние кои секојдневно вложуваат труд да создадат духовно побогата средина.

Со новиот изглед на седиштата, салата доби поубав амбиент.

🎭 Во Центарот за култура се одвиваат бројни настани кои носат радост, знаење и инспирација. Секоја инвестиција во овој простор е инвестиција во иднината на нашата заедница.




Сподели го ова:

Слични објави