Културата обединува! Државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, присуствуваше на синоќешното отворање на Меѓународниот фолклорен фестивал „Folk Fest“
Државната секретарка во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, присуствуваше на синоќешното отворање на седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Folk Fest“ – значаен културен настан кој го претвори Скопје во средиште на традиции, бои и идентитети од целиот свет.
Со учество на фолклорни ансамбли од 15 земји, фестивалот испрати силна порака: културата обединува, фолклорот поврзува, традицијата инспирира.

Министерството за култура и туризам упати благодарност до организаторите на „Folk Fest“ за нивната посветеност во зачувувањето и промоцијата на културното наследство – вредност што поврзува, обединува и отвора врати кон светот.


















