Државно првенство со олдтајмери – Авторели во Прилеп
Денес, Прилеп беше дел од државното првенство со олдтајмери – Авторели 2025, организирано од Националната федерација на историски возила на Македонија.
Олдтајмерите во центарот на Прилеп, по својата патека низ главните градски улици, се претставија пред прилепската публика. Ваквите настани се вистинска можност за промоција на авто-мото културата, туризмот и историјата на возилата, но и за зближување на генерации преку заедничка љубов кон моторните класики.


















