Заради несовесните граѓани, битолски “Комуналец” два пати го чисти коритото на Драгор во рок од еден месец
По пријава од граѓани, ЈП Комуналец – Битола денеска излезе на терен и повторно го исчисти коритото на реката Драгор во близина на синџирот. Имено, битолски “Комуналец” два пати го чисти коритото на Драгор во рок од еден месец.

На истото место веќе повеќе пати беше интервенирано, меѓутоа некои битолчани сеуште постапуваат несовесно и фрлаат отпад на истата локација.
Веќе е пријавено кај надлежните органи и во иднина ќе следат казни за сторителите.


















