Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од мајка на друг затвореник за наводна заштита
На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода.При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор – информира МВР.

















