Грците се исплашија од Македонците?! Грчки АЕК одби да излезе на теренот во Скопје, поради спор околу влезот на нивните навивачи
Натпреварот вечерва нема да се одигра – за жал. АЕК нема да излезе на терен – така што за понатамошни инструкции што со овој натпревар, ќе чекаме информации. За вечерашниот натпревар што требаше да биде спектакл, се извинуваме. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“ – истакна вечерва официјалниот спикер во СП Борис Трајковски во Скопје.
Имено, грчки АЕК одби да излезе на теренот во Скопје, поради спор околу влезот на нивните навивачи.


















