Пратеникот Милевски не знае да мирува! Денес повторно е на средби со граѓаните во канцеларијата на пратениците
Битолскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски и денеска беше во канцелариите на пратениците, каде веќе извесно време континуирано остварува контакт со граѓаните. Токму во канцеларијата, и денеска голем број на граѓани на Битола се сретнаа со Милевски, каде тие ги изнесоа нивните барања, потреби и идеи.

Ова е едно место каде што пратеникот Милевски има средби со граѓаните, надвор од неговите активности во Собранието, иако неговите средби со битолските граѓани се секојдневни.
“Идеите, предлозите и предизвиците се нашата заедничка обврска за подобра иднина.Оваа работна недела по обврските во македонското Собрание ја завршувам со средби со граѓаните во канцеларија на пратениците и на крај со традиционалното кафе на Широк Сокак” – порача пратеникот Милевски за информативниот портал СТАНИЦА.МК


















