Следниот викенд ќе грмнат тапаните во Галичник! “Галичка свадба 2025” од 11 до 13 јули

Сподели го ова:





























Галичка свадба 2025 година ќе се одржи идниот викенд – од 11 до 13 јули, а овогодинешните зет и невеста се Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска. Идниот зет Јован, е потомок на галичкото семејство Филипоски, а уште како дете од најрани години учествувал во сите обичаи на познатата Галичка свадба.

Што се однесува пак до невестата Лилјана, таа веќе ја има почувствувано магичната традиција на Галичката свадба во 2022 година, каде прв пат учествувала, а ова лето ќе заигра на орото во улогата на невеста, според сите галички обичаи на традицијата.

Со среќа!




Сподели го ова:

Слични објави