Од утре, на повеќе места низ земјава ќе имаме нестабилно време со повремени врнежи од дожд
Од среда, на повеќе места во нашата земја ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат локално поројни, проследени со грмежи и ветар.
Имено, утре претпладне ќе имаме сончево време со умерена облачност, а веќе попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно време проследено со локални врнежи од дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од 17 до 24 степени.
Слично време не очекува и во наредните неколку дена.


















