Јовчески: Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиоски е првиот Македонец што освоил медал на Европско првенство во билијард

Сподели го ова:





























Денес во просториите на Општина Прилеп, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески оствари средба со нашиот сограѓанин Владимир Ѓорѓиоски, кој што со своите извонредни резултати ги прави Прилеп и Македонија горди.

Владимир е првиот Македонец што освоил медал на Европско првенство во билијард, успех што го постигна минатата година на шампионатот во Порчетртек, Словенија. Истата година го запиша и своето име како прв претставник на Македонија на Светското првенство во Хејбол (кинеска осмица) во категоријата играчи со хендикеп, кое се одржа во Лос Анџелес, САД. Годинава, Владимир повторно не израдува со нов медал – бронза на Европското првенство во Талин, Естонија, во дисциплината осмица, во категорија лица со инвалидски колички. Следните предизвици што го очекуваат се учеството на престижниот турнир Duyă Legends Tour во Кина, како и Светското првенство во Хејбол што ќе се одржи во Бризбејн, Австралија. Од името на сите граѓани на Прилеп и во мое лично име, му ја изразуваме нашата поддршка. Владимир е пример за упорност, посветеност и спортски дух, и му посакуваме многу успех на претстојните натпреварувања! – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави