По итна постапка пред суд се изведени oрганизаторите на измамата со брзите кредити
Организаторите во случајот со измамата со брзите кредити, по итна постапка ќе бидат изведени пред суд. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување на ТВ „Алфа“, рече дека се работи за широка лепеза на помагачи кои биле вклучени во случајот со измамата со брзите кредити.

Како што информиравме вчера во нашите информативни објави, обвинителството поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со т,н.„брзи кредити“.


















