Прилепски “мангуп на батерии”! Крадел од возило, кое било паркирано на прилепската улица „Драган Талески“
На 07.04.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што на ул.„Драган Талески“ во Прилеп извршил кражба од паркирано патничко возило.
Украденото е вратено на сопствениците, а по документирање на настанот ќе следи соодветна пријава – информира МВР.


















