Пукање во Прилеп! Шест прилепчани пред продажен објект во Прилеп извршиле насилство, а било пукано и со огнено оружје
На 15.01.2025 во 22.00 часот од ул. „Борка Утот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело насилство.

Имено, според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу 20.30 минути пред продажен објект на ул.„Борка Талески” во Прилеп, при што било употребено и огнено оружје и бил испукан куршум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информира МВР.


















