Хуманитарна акција на “прилепска Стара црква”: По 2.500 денари за 131 ранливо семејство
И овој Божик, хуманитарна акција на црквата Свето Благовештение (Стара Црква), со која ќе биде опфатено 131 ранливо семејство од прилепското архиерејско намесништво.

За таа цел се обезбедени по 2.500 денари за секое семејство, средства да си обезбеди по желба намирници од одреден маркет. Како што истакнуваат од “прилепска Стара црква”, средствата ги обезбеди црквата и благочестивите донатори.


















