Крадец и го украл дневниот промет на продавачка, почнал да бега, меѓутоа набрзо крадецот го фатило лице кое вршело достава на производи
На 15.07.2024 во СВР Скопје, И.Н.(57) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот пред продажен објект на подрачје на Чаир едно лице ѝ го одзело ковертот со дневниот промет од фирмата во која била вработена. Според пријавеното, друго машко лице, кое вршело достава на производи, му го одзело ковертот на сторителот пред да влезе во такси возило и ѝ го вратил со целата сума во него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


















