Две ученички од прилепската гимназија станаа државни шампиони по Македонски јазик и литература

Сподели го ова:





























Гимназијалците – македонисти уште еднаш го покажаа целиот свој талент и потенцијал. На Државно натпреварување одржано на 1.6.2024 во Скопје, на Филолошкиот факултет, двете наши ученички станаа државни шампиони во својата конкуренција.

  • Марија Јованоска III-8 клас е најдобра во категоријата за ученици од трета година.
  • Ивана Атанасоска II-7 беше најдобра меѓу своите врсници од втора година на државно ниво.

   Сето ова значи дека Гимназија “Мирче Ацев” има двојни државни шампиони по Македонски јазик и литература.

   Вредно за напоменување е и тоа дека и на претходното државно првенство токму овие ученички беа шампион (Марија Јованоска) и вицешампион (Ивана Атанасоска) .

   На последните два државни натпревари освоени се три први места и едно второ што е успех за почит.

   Ментор на двете ученички е професор Мартин Наумоски.




Сподели го ова:

Слични објави