Учениците од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп на практична едукација во хемиската лабораторија на Витаминка

Сподели го ова:






























Хемиски лабораториски техничари, како и прехранбените техничари од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп, вчера беа на практична едукација во хемиската лабораторија на најголемиот производител на прехранбени и кондиторски производи-Витаминка од Прилеп.

Учениците и професорите, најсрдечно беа пречекани од Маркетинг координаторот Душица Неделкоска, која ги запозна присутните со работата на компанијата и производниот асортиман.

Директорот на сектор Контрола на квалитет Натали Петреска, и раководителот на хемиска лабораторија, ги запознаа учениците со работата на лабораторијата, методите и мерните инструменти со кои ги вршат хемиските анализи.

Учениците имаа можност да видат повеќе испитувања за утврдување на квалитетот на суровините и полупроизводите. За утврдување на квалитетот на готовиот производ, една од најважните анализи е сензорската анализа, во која со задоволство учествува учениците и професорите, кои се засладија со чоколадите Sorry со фстаци, Чоко Стоби Флипс и други врвни производи.




Сподели го ова:

Слични објави