Во Прилеп за една година, вложени се 30.000.000 денари во основните и средните училишта

Сподели го ова:





























За да се подобрат условите за работа во сите училишта во Прилеп, во првата година од мандатот од градоначалникот Борче Јовчески, инвестирани се повеќе од 30.000.000 денари. Станува збор за сума за реализирани проекти, како и за проекти кои моментално се наоѓаат во реализација.

“Заедно со директорите на училиштата реализиравме: реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, наставничките канцеларии, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се и огромен број на образовни помагала – смарт табли, компјутери, телевизори, хортикултурно и партерно уредување на дворовите и многу други проекти” – истакна Јовчески.

Како што истакнува градоначалникот, во план е да се продолжи со континуирано вложување, се со цел за да се изгради еден поквалитетен образовен систем.




Сподели го ова:

Слични објави