|

ПОЛНИ СРЦА РАДОСТ: ФК “Победа” сo голем триумф против ФК “Силекс”на гостувањето во Кратово

Сподели го ова:





























Исклучителната добра игра на фудбалерите од прилепска “Победа”, предизвика нашата прилепска фудбалска гордост денеска да оствари голем триумф против ФК “Силекс” на гостувањето во Кратово, и да постигне три гола, за разлика од домаќините кои не дадоа ниту еден гол во мрежата на ФК Победа.

Со денешната победа, прилепскиот фудбалски тим сега има нови три бода на бодовната табела. Меѓутоа, ФК Победа не застанува тука, собира сили и со иста енергија се очекува да игра во наредното коло против екипата на Академија Пандев, која што исто како и ФК Победа, на бодовната табела сега има 7 бода.




Сподели го ова:

Слични објави