СЕКОЈА ЧЕСТ: Учениците од посебните паралелки при ООУ ,,Климент Охридски-Прилеп, учествуваа на Државните спортски игри


Ученици од посебните паралелки т.е. ,,Центар за поддршка на учењето ” при ООУ ,, Климент Охридски”- Прилеп, учествуваа на Државните спортски игри што се одиграа во Охрид од 23-25 Септември 2022 година под покровителство на Федерација на училишен спорт на Македонија и Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Под раководство на своите наставници – ментори, учениците учествуваа во различни спортски дисциплини (атлетика, полигон, мал фудбал, кошарка, пинг-понг) и работилница за здрава исхрана. Добија дипломи за учество и успешна реализација, но и највредното нешто…насмевки и радост на детските лица од заедничката дружба, комуникација и нови другарчиња од други училишта од нашата држава.


















