Прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристески дадоа поддршка на иницијативата за распишување на референдум


Повеќе од очигледно е дека ќе има референдум за престанок на важноста на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија, и дека ќе се соберат очекуваните потписи од граѓаните за реализација на истиот.
Во однос на тоа, денеска прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристески дадоа поддршка на иницијативата за распишување на референдум за престанок на важноста на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија.

Во склоп на сето ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска официјално ја поднесе граѓанската иницијатива со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Сл. Весник на Република Македонија бр.12/2018 од 18.01.2018година?“.


















