РОДИТЕЛИТЕ, РАЗОЧАРАНИ ОД МОН: Каде се учебниците за дел од основците??

Дел од родителите на учениците кои учат во пониските одделенија, се револтирани што токму баш нивните деца ја започнаа новата учебна година, без печатени учебници.
До нашиот информативен тим, постојано доаѓаат голем број на реакции од страна на родителите на учениците кои учат во второ одделение, дека за овие ученици, како и за дел од учениците од повисоките одделенија – учебници нема, и дека како што се известени, учебници нема ниту да добијат до крајот на месец октомври, иако МОН вети дека дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми, ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.

Министерот Шаќири изјави дека оваа учебната година ја почнуваат поподготвени од изминатите, и дека учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали, меѓутоа, печатени учебници за дел од учениците сеуште нема.
Оваа објава е креирана од страна на информативниот тим на STANICA.MK , при што: ЗАБРАНЕТО Е ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ТЕКСТОТ ОД ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА STANICA.MK


















