ВИДЕО, СТЕРЈОВСКА-ЛОКВЕНЕЦ: Како командир г-дине Цуцулоски комплетно потфрливте, затоа што сте еден од командирите кои не успеа да се справи со подземјето, туку напротив вие сте тие кои генерирате страв, и го дозволувате хулиганското однесување помеѓу нашите сограѓани

Сподели го ова:





























Како што информиравме претходно, вчера се одржа 12-тата седница на Советот на Општина Прилеп, на која советниците донесоа повеќе одлуки кои се значајни за функционирањето на општината и за потребите на граѓаните. Советниците на почетокот на седницата расправаа за безбедносната состојба во Општина Прилеп по што беше донесен заклучок, во кој се бараше итно и неодложно разрешување на командирот на ПС од Општа надлежност – Прилеп, поради неусвојување на Извештајот – Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност – Прилеп, во текот на второто полугодие од 2021 година како и крајно алармантната безбедносна состојба на општинско ниво.

Во однос на оваа точка, која беше на дневниот ред на вчерашаната седница на Советот, свое излагање имаше и заменик градоначалникот на општина Прилеп Ирена Стерјовска – Локвенец, при што самата таа загрижена од моменталната состојба со безбедноста во општина Прилеп, истакна:

“Живееме во реалност во која Прилеп е најнебезбеден и најнесигурен град. Најстрашен град за живеење во Република Македонија. Тексас е? За жал, денес сето тоа ни се случува во нашата реалност. Нашата реалност денес е полна со ризици, а тоа се случува во континуитет веќе 6 години, па и повеќе. Сведоци сме на немили настани, а некои наши сограѓани се и жртви само затоа што се нашле на погрешно место и во погрешно време. Жртви се поради девијантното однесување на поединци кои што Вие командире и вашето раководство во ПС Прилеп ги штитите и селективно ги толерирате. Сакам овде да апострофирам, најверојатно полицијата има модел на пазарење и регулирање на реакциите кои се во ваша надлежност…Ајде слушнавме дека можеби чувствувате терет и доживувате мачнина секогаш кога сакаме да ја актуелизираме безбедносната состојба кај нас… Минатата седница не се појавите, секоја чест – оваа седница сте присутни.

Но вистинскиот терет Командире Ви доаѓа од граѓаните кои што секојдневно се изложени на тортури, од поединци и од злосторничкото здружение, а вие само немо гледате и од време на време, само пријави може да си поднесите, а за тоа како завршуваат не знам.. Битно, Вие ќе поднесите, а потоа и денес овде ќе се фалите…Кога ќе се сетам затоа што бев советник и во претходниот состав на Советот Општина Прилеп колку многу зборувавме како советници од опозицијата, на седницата кога другиот состав од Советот Ве назначуваше, во една спорна постапка, во предизборно време каде мораше да се избере командир, време кога сеуште не беше разрешен претходниот комадир, кој беше уапсен на дело при транспорт на дрога како логистика за чистење на патот при движење на стоката-акција која беше предводена од ДЕА со соработка со МВР. А вие пак, како командир не ги исполнувавте целосно бараните критериуми за оваа одговорна позиција. Сега, од временски аспект кога повторно сум советник во Советот на Општина Прилеп, меѓутоа денес од страна на советничката група која што ја предводи локалната власт, можеме да заклучиме дека од низата случувања кои ви се случуваа во вашето време откако сте командир, се гледа и потврдува тогашната наша доза на песимизам за вашиот избор, затоа што како командир г-дине Цуцулоски комплетно потфрливте, затоа што сте еден од командирите кои не успеа да се справи со подземјето, туку напротив вие сте тие кои генерирате страв, и го дозволувате хулиганското однесување помеѓу нашите сограѓани”-истакна Стерјовска – Локвенец, и жестоко по пат на зборови и понатаму продолжи да го напаѓа Командирот Цуцулоски уште цели нови десетина минути. Целосниот говор на заменик градоначалникот на општина Прилеп – Ирена Стерјовска – Локвенец, може да го погледнете во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави