“Mртов пијан” возел мотор со 2,5 промили алкохол, па возејќи паднал од моторот и се повредил

Сподели го ова:






























Илинден беше кобен за 45 годишен македонец. Имено на 02.08.2025 во 20:00 часот во ПС Делчево од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека за укажување на лекарска помош било донесено лице кое паднало од мотор во село Бигла. Постапувајќи по пријавата, полициски службеници од ПО за БПС Делчево констатирале дека се работи за лицето Н.Ѓ. (45), кај кого се утврдени 2,51 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител од ОЈО Делчево, по чии насоки против Н.Ѓ. ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.




Сподели го ова:

Слични објави