Утре (среда), цел Прилеп ќе ужива во најновата комедија од урнебесните “Солза и смеа”

По повод цели 30 години постоење на “Солза и смеа”, оваа урнебесна екипа во месец февруари ја започнуваат својата најнова турнеја во 12 градови низ Македонија. После неколку години стенд-ап, овој пат пред публиката ќе се претстават со ЦЕЛА театарска претстава – урнебесна комедија која носи наслов “Леле шо ЧЕ ти напрам”, спектакуларна театарска претстава која со сигурност ќе ве насмее до солзи!
Прилепскиот “Весел театар” ви го претставува ова најновото комично шоу на “Солза и смеа” кои доаѓаат во Прилеп на 11.02.2026 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе ја изведат нивната најнова претстава, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите прилепчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си купите во Кафетерија- Кафе ИН во цветната улица во Прилеп по цена 300 денари.
Билети само за најбрзите!
Побрзајте!!


















