УЈП ги посети прилепските маалски кафулиња

Сподели го ова:






























Изминативе денови, прилепските маалски кафулиња беа мета на голема контрола од страна на УЈП, а некои од нив после извршената контрола им биле изречени санкции од Управата за јавни приходи. Врз основа на информациите, дел од нив добиле и по два казнени налози во 4 дена.

Инаку, прилепските маалски кафулиња се вистински тренд во Прилеп. Имено, претходната локална власт откако го затвори паркингот кој постоеше лево и десно од самиот булевар во центарот на градот, се создаде таква ситуација каде поголемиот дел од граѓаните наместо во кафулината во центар, да ги посетуваат маалските кафулиња во прилепските населби каде има директен паркинг до самиот локал, а и паркирањето е целосно бесплатно.




Сподели го ова:

Слични објави