Трамп истакна дека во САД ќе има признавање на само два пола – машки и женски!
Доналд Трамп, ќе ја превземе претседателската функција на 20 јануари, а со самото превземање најави серија на контроверзни мерки.
Трамп, говорејќи пред поддржувачи во Аризона, истакна дека веднаш после самата инаугурација ќе потпише укази со помош на кои што ќе се стави забрана на присуството на транссексуалци во војската и училиштата, а исто така ќе биде ограничен и самиот пристап до медицински процедури за промена на пол кај малолетниците.
Доналд Трамп истакна дека официјалната политика на неговата земја, ќе биде признавање на само два пола – машки и женски.

















