Томе, завршено е со тебе! – порачаа од ВМРО ДПМНЕ -Крушево
Томе, завршено е со тебе! – порачаа младите од УМС на ВМРО ДПМНЕ – Крушево, во нивната објава после катастрофалниот митинг на СДСМ во Крушево. Низ крушевската чаршија “се шушка” дека на митингот на СДСМ во Крушево биле носени луѓе од Д.Хисар за да има луѓе во салата.

“Денешната граѓанска трибина на Томе Христоски е пораз што сите го видоа. Наместо демонстрација на сила и доверба, настанот стана уште една сцена на паушални говори, празни фрази и обиди за манипулација кои повеќе не допираат до никого. Томе зборуваше, но зборовите беа исти како и секогаш паушални, површни, без суштина. Наместо визија и конкретни решенија, празни реченици. Тоа не е лидерство, тоа е очајничко настојување да се прикрие падот на довербата. Народот ти покажа дека повеќе нема страв и нема послушност. Паушалните говори не можат да ја сокријат вистината. Томе, завршено е со тебе!” – порачаа од УМС на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.

















