СВАЌАРОСКА: Институциите кои спаѓаат под централната власт, мора да бидат сервис на граѓаните и да ги задоволуваат основните потреби и барања

Сподели го ова:


























Како што истакнуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, деновиве до нив стигнуваат најразлични информации во однос на функционирањето на прилепската болница со проширена дејност. По тој повод, Александра Свајќароска на денешната прес-конференција истакна: „Старо-новата влада предводена од СДСМ на чело со Димитар Ковачевски, не е ништо друго освен продолежние на политиките на владата предводена од Зоран Заев, политики на неработење и тргување со националните интереси. Институциите кои спаѓаат под централната власт, мора да бидат сервис на граѓаните и да ги задоволуваат основните потреби и барања. До ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, деновиве стигнуваат најразлични информации во врска со работењето на Општата болница со проширена дејност во Прилеп, па со оглед на тоа што е месец февруари и се уште трае грејната сезона, прашуваме. Дали е вистина дека болницата нема набавено мазут? Доколку нема набавено мазут, на што се должи тоа, ако се има предвид фактот дека мазутот и тоа како е потребен во овој период? Дали раководните лица, планираат да преземат нешто во однос на ова прашање? Наместо празни флоскули, јавноста заслужува точен одговор на овие прашања.
Минатиов период се изнагледавме парадирања на Димитар Ковачевски и на министерот за земјоделие Љупчо Николовски низ Прилеп, во обид да го спасат она што остана од нискиот рејтинг на СДСМ, кој најдобро се виде на локалните избори и нивниот пораз со 7500 гласа разлика. Истите можеа да појдат и до болницата, да видат во какви услови се работи и дали истата е снабдена со мазут? Почитувани, оваа старо-нова влада предводена од СДСМ, нема што ново да им понуди на граѓаните. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Институциите мора да работат на највисоко ниво во интерес на сите граѓани, а тоа со сигурност ќе се случи после смена на централната власт”-
истакна Свајќароска




Сподели го ова:

Слични објави