СЕКОЈА ЧЕСТ: ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА ПО 3000 ДЕНАРИ И ПАКЕТ УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Сподели го ова:























На предлог на градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски, и со одлука на Советот на општина Могила, обезбедена е финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.

Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети” -истакна Драганчо Саботковски-градоначалникот на општина Могила, кој што благодарение на него, после толку години општина Могила добива еден вистински урбан сјај-онака како што заслужуваат жителите на оваа општина.



Сподели го ова:

Слични објави