Ротари клубот од Прилеп со вредна донација за градинката во населба Вишне
Денес прилепскиот градоначалник ја посети градинката во населбата Вишне, каде што заедно со директорката Христина Трпчeска ја примија вредната донација од Ротари клубот од Прилеп.
Станува збор за 21 прочистувач на воздух, кои ќе бидат распределени во занималните простории во објектите на градинката во Вишне и Бончејца, и ќе придонесат за поздраво секојдневие на децата. Ова е инвестиција во нивното здравје, нивниот правилен раст и развој, но и во создавањето на почиста и побезбедна средина во која тие ги прават своите први чекори во образованието.

Искрена и голема благодарност упатувам до членовите на Ротари клубот Прилеп за нивната висока општествена одговорност и хуманост. Со вакви дела уште еднаш се покажува дека кога сите заедно работиме, придонесуваме за подобра иднина на нашата заедница. Да напоменам дека во изминатиот месец, преку поддршка од Владата на Република Македонија, обезбедивме и 8 големи прочистувачи на воздух. Тие веќе се инсталирани во спортските сали на основните училишта, каде што учениците секојдневно престојуваат и тренираат, а два од нив се поставени и во холовите на градинките во населбите Точила и Бончејца.Сите овие вложувања се дел од нашата постојана заложба да обезбедиме квалитетни услови за воспитание, образование и спорт, но пред сè, да ја заштитиме здравствената благосостојба на најмладите. Продолжуваме заедно, посветено и одговорно, да работиме за создавање на подобар и поздрав Прилеп за сите наши сограѓани – порача Јовчески!
















