Прилепскиот музички бенд КНАП, утре вечер на Камената бина во Прилеп
Утре (25.06.) на Камената бина во Прилеп со почеток од 21 часот настапува бендот “КНАП”, како дел од проектот “Од 0 до култура”. На сцената ќе слушнете повеќе жанровите и голем број на хитови.
Овој бенд го сочинуваат Ана Цветаноска – вокал, Димитар Колевски – бас-гитара, Стефан Самарџиоски – тапани, Леонид Гешоски – гитара и Леонид Насески – клавијатури.
Се гледаме утре вечер на Камената бина во Прилеп!
















