Прилепчанецот Наумоски повеќе нема да игра за ФК “Пелистер” – стави потпис на договор со ФК Брегалница

Сподели го ова:





























Прилепчанецот Јорданчо Наумоски, во продолжението од сезоната нема да биде дел од екипата на ФК Пелистер. Овој прилепчанец нема да игра повеќе за ФК “Пелистер” бидејќи три дена од завршувањето на соработката со ФК Пелистер, потпиша договор со ФК Брегланица од Штип.

Јорданчо Наумоски од денес е плаво-бел! Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од ФК Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби. Уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во нашиот клуб доаѓа од битолски Пелистер. Добредојде Јоце и многу успех во плаво-белиот дрес! – соопштија ФК Брегалница – Штип.




Сподели го ова:

Слични објави