Пријавете се и вие! Серафим Петрески по трет пат ќе пее на следното фестивалско издание од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:





























Младиот прилепчанец Серафим Петрески со песната “Свирам гитара” настапи на годинешното издание на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој по 7-ти пат се случи овој месец во големата сала во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп.

Серафим поседува одлична способност за пеење, a на наредното фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA” во 2026 година ќе настапи по трет пат, со екстра детска песна за која музика и текст ќе напише Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така неговата најнова песна ќе си добие и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски (група Меморија).

Овој месец прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.

Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/ 867-169. Побрзајте – местата се ограничени!




Сподели го ова:

Слични објави