Премиерот Ковачевски денеска во Прилеп требаше да одговори како да се покријат големите милионски долгови кои што во Прилеп ги остави претходната локална власт предводена од СДСМ- партијата од која доаѓа и самиот Ковачески
Денеска се случи хаос во Општина Прилеп. Имено, денес при отворањето на новата спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”, премиерот Ковачевски и поранешниот градоначалник на Општина Прилеп-Илија Јованоски свечено ја отворија истата…Се поставува прашањето-Како може поранешен градоначалник да биде присутен на отворањето, а моменталниот градоначалник Борче Јовчески -како што носи редот, целосно да се одбегне и да не биде присутен. Како што истакнуваат прилепчани, ова е целосна дискриминација, бидејќи самите тие пред неколку месеци го дадоа својот глас за Јовчески, што значи Јовчески е официјален градоначалник, а не Јованоски. Од наши извори исто така дознаваме дека премиерот Ковачески не стапнал ниту во општинската зграда на Општина Прилеп, за да влезе и да поразговара со сегашниот градоначалник во однос на моменталната актуелна сегашна ситуација и како да се решат големите милионски долгови кои што во Прилеп ги остави претходната локална власт предводена од СДСМ-а токму тоа е партијата од која доаѓа и самиот Ковачевски.

















