Ова ли е „грижата“ за граѓаните на Крушево? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ

Сподели го ова:






























Ова ли е водата што ја плаќаме секој месец? Ова ли е „грижата“ за граѓаните на Крушево?

Денеска од чешмите во Крушево тече вода која изгледа како кал, а не како нешто што треба да ја користат граѓаните за пиење, готвење или хигиена.

Каде е одговорноста на градоначалникот Томе Христоски и директорката на Комуналното претпријатие?

Како е можно во 2025 година, туристички град како Крушево да нема елементарно чиста вода за пиење?

До кога ќе трае ова игнорирање на проблемите?

Дали некој ќе понесе одговорност ?

Ова не е технички проблем ова е симбол на неработење, негрижа и потценување на граѓаните – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави