Oва е прилика која не се пропушта! Надалеку прочуениот “Театар Бабец” со две претстави во градот под Марковите Кули
На 18-ти септември во 12 часот, надалеку прочуениот “Театар Бабец” во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе ја изведе претставата „Бременските музиканти“, која е во режија на Васко Мавровски, а истата ќе ја изведат познатата актерка Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Катерина Аневска – Дранговска и Петар Спировски. Во претставата се зборува за важноста на тимската работа, пријателството и посветеноста, како и решителноста да се најде нов дом. Сите овие работи ги прават „Бременските музиканти“ не само интересна и забавна претстава туку и едно важно предавање за главните животни лекции.
Меѓутоа, тоа не е се! Истиот ден со почеток во 20 часот во театарот „Војдан Чернодрински“, “Театар Бабец” ќе ја одигра претставата „Сомнително лице“, претстава која ја отсликува и универзалната борба на поединецот против системот. Оваа претстава е пример како со вештото користење на хумор и сатира може да се критикува бирократијата, првниот систем, корумпираноста и неправдата. Сето тоа ќе Ви го покажат младинската поднова на Бабец Театар. Се гледаме на двете претстави од “Театар Бабец” – оваа среда во Прилеп. Овие две претстави се дел од овогодинешниот фестивал “Силјан Штркот”.