НОВО СОНЧЕВО УТРО: Денес сонце и температури до 18-тиот степен
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а исто така ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури во Прилеп и прилепско ќе се движат од 1 до 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени.
Оваа недела ни следува период на променливо облачно време со повеќе сончеви периоди, а веќе од недела ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер проследен со локални врнежи од дожд.